Cultural Institution Blesok • Established 1998
New in Blesok

the art is inside

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Blesok no. 15 | volume III | June-July, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Peer-reviewed journal
Blesok no. 15June-July, 2000
Reviews

N/A

/8
p. 1
Branislav Sarkanjac

    Номадизмот (било да е тоа воената машина на Делез и Гатари или интелектуалниот номадизам на Кенет Вајт) треба да се разбере како еден од обидите да се излезе од улежаноста на западниот свет, од затвореноста на западната државна наука во тотализирачки дискурси – обид, кој со својата номадска педагогија, сака да ја ослободи мислата преку не-мислата, за таа да појде по патишта кои не се трасирани од хегемонистичките дискурси.
    Ова е позицијата – барање на номадизмот на осумдесеттите кој, како што забележуваат некои автори, веќе не кореспондира со стварноста, не функционира. Номадизмот (на осумдесеттите) како постмодерен феномен станува сè повеќе непримерен. Многумина сметаат дека 1989-та година, нагло го занеме разговорот за постмодерната. Така, Акиле Бенито Олива зборува за номадизмот на осумдесеттите како за нешто што си ја завршило работата.
    Навистина, номадизмот отворил некои премини на кои се бришат границите и се воспоставуваат односи со дотогаш гетоизираните културни области. Но среќниот интернационализам кој произлезе од тоа, не само што не ги поткопа, туку и остави простор за хомологизација на хегемониските модели, смета Олива.
    Значи, се случи номадизмот, од потфат против државата (потфат кој подразбира политичко дејствување, макар само како протест), лесно да се најде во скутот на нарцизмот како тип на социјализација на европскиот човек, претворајќи се во „воајеристички номадизам на технологијата и телематиката“. Од дискурс кој ја разбива државната наука, заедно со репресивноста на државата и државните институции, денес номадизмот (на осумдесеттите) повеќе потсетува на автистичноста на западниот човек кој, ако ништо друго, барем е искрен во својата политичка бескорисност. Ваквиот номад им се придружува на оние поединци, кои, според Ралф Дарендорф, едноставно се (политички) бескорисни: економијата може да расте без нивниот придонес, богатите можат да станат побогати без нив, владите можат да се избираат без нивните гласови. Суштествени прашања се дали номадите се навистина бескорисни во оваа смисла; дали се свесни за ова или тоа воопшто не им е важно?; дали се на страната на бескорисните, или се и самите бескорисни? Одговорот на овие прашања ќе го направи неизбежно преиспитувањето на определбите на номадизмот, особено на планот на политичкото. И токму во врска со ова, се поставува прашањето во кое се преточуваат сите претходни – што би значело кога номадизмот би се поставил како идеал пред тие милијарда и повеќе бескорисни? Најголемиот дел од овие бескорисни, или го немаат или го бараат „коренот“, нешто што треба да се има за да може да се стане номад. Зашто, номадизмот е отфрлање, одбивање на






"Blesok" editions 01-93 are also available at CEEOL web site.

By purchasing our titles, you are directly supporting our activities. Thank you!



50%


FOLLOW US:
Visit us on Facebook Follow us on Twitter Follow us on Google+